Пет начини да го одбегнете грипот на работа

Сезоната на настинки и грип е во полн ек, па многу е важно да внимавате да не се заразите или пак ако сте болни, да не ги заразите останатите. Една студија покажува дека високи 84 проценти од возрасните вработени, одат на работа и во моментите кога се болни, а дури половина од нив не се ни обидуваат да ги предупредат колегите на можната зараза.

pet-nachin-da-go-odbegnete-gripot-na-rabota-117934

 

Сепак за да останете здрави и за да не ги заразите останатите треба да следите неколку едноставни совети:

Внимавајте од заедничките предмети

Една студија покажува дека најмногу бактерии во канцелариите се собираат на местата што сите ги допираат како рачката од чешмата во тоалетот, рачката на микробрановата печка и на типките на тастатурата. Експертите препорачуваат чистење на овие предмети на дневна база, како и миење на рацете по фаќањето на фрижидерот, кваките на вратите и слично.

Миење на рацете

Вработените мора да ги мијат рацете пред јадење, по читањето на магазини во заедничката просторија или после состанок на кој се ракуваат со многу луѓе и делат опрема. Препораките се рацете да се мијат со сапун и млака вода барем 20 секунди.

Пијте доволно вода

Важно е да се внесуваат доволно течности за да се одбегне дехидрирањето. Тоа во комбинација со недостатокот на сон и стрес го загрозува имуниот систем, па пожелно е постојано да имате вода на дофат на раката.

Витамини

Ако почнете да се чувствувате омалаксаност, консултирајте се со вашиот лекар за земање на додатоци како витамин Ц или пак цинк.

Внимавајте каде се допирате

Луѓето што работат во големи компании мора да внимаваат да не го допираат лицето во текот на работниот ден. допирањето на очите, носот или устата со неизмиени раце им дава можност директен влез во телото на бактериите што може да го наруши имуниот систем и да предизвика настинка.