Седум совети за правилна зимска исхрана

Во зимата има многу малку сонце, температурите се ниски, па со тоа минуваме и многу помалку време надвор од затворените простории и јадеме храна којашто изобилува со скроб и шеќери.

ishrana_zima

Таквото однесување не нè одржува здрави, но за среќа, има неколку нешта коишто можат да ни помогнат да ја одржиме енергијата, да го подобриме имунитетот и да го одржиме телото здраво во текот на целата зима.

1. Пијте само здрави течности

Зашеќерените пијалоци, кафето и кофеинските напитоци го слабеат имунолошкиот систем, доведуваат до дебелеење и дехидратација. Дури и во зима е важно да испиете осум чаши (топла!) вода или природни чаеви, за да го одржите доброто здравје на вашите органи за варење и да го спречите дебелеењето. Ова е посебно важно во текот на зимските месеци како штетните материи би можеле да се исфрлат преку урината (во зима се потиме значајно помалку).

2. Во текот на студените денови е исклучително важно добро да се наспиете

Мелатонинот, којшто е исклучително важен хормон за обнова на имунолошкиот систем, се произведува само во целосен мрак. Така што, кога ќе си легнете, спуштете ги ролетните и елиминирајте ги светлата.

3. Избегнувајте го таканаречениот “дополнителен” шеќер

Тоа е шеќер којшто дополнително се додава во чаевите, кафињата а тука се вбројуваат и најразличните слатки, кекси и останатите рафинирани слатки коишто ги консумираме покрај стандардните оброци. Насочете се кон природните шеќери – оние од овошјето. Медот е одличен природен шеќер (секако, во умерени количества). Ако сепак не можете да се откажете од слатките, користете темно чоколадо (со минимум 70% какао) – таквото чоколадо има докажано поволно дејство по здравјето.

4. Јадете лук, секојдневно!

Иако на многумина можеби и нема да им се допадне овој совет, лукот го поттикнува производството на Т-лимфоцитите и макрофагот (клетките-јадачи), а со тоа значајно му помага на имунолошкиот систем. Дополнително, тој сега спаѓа во намирници коишто го загреваат телото.

5. Конзумирајте намирници богати со цинк

Цинкот помага да се подигне заслабениот имунитет. Го има во наутот (леблебиите), семките од тиква и сусамот.

6. Фаворизирајте го овошјето и зеленчукот во исхраната!

Иако во зима е пожелно да се употребуваат намирници коишто содржат повеќе јаглени хидрати и масти, тоа не значи дека треба да заборавиме на зеленчукот. Напротив, зеленчукот може значајно да ни помогне да ја избуткаме зимата во добро здравје.

7. Движете се! Не предавајте ѝ се на мрзеливоста!

Вежбајте во домот, возете статичен велосипед, практикувајте јога, и секако, прошетајте на убавото зимско време. Брзите прошетки согоруваат мноштво од калории, ја забрзуваат циркулацијата и ја зголемуваат енергијата. Докажано е дека движењето го подигнува имунитетот.