Зошто жените ги оставаат мажите и покрај тоа што ги сакаат?

Љубовта не знае за предрасуди, нетрпеливост, таа не се води од никаква агенда и не знае за никакви пресуди.

200292204-001

Љубовта е љубов, нема некоја конкретна дефиниција, таа мора да се почувствува на своја кожа за да го дознаете нејзиното вистинско значење.

Но, за една врска да успее потребно е и малку повеќе од само љубов. Потребна е посветеност, вложување, внимание…

Доколку нешто од ова го нема дури и врската во која има најмногу љубов после некое време веќе е осудена на пропаст.

Ова се работите заради кои жените ги прекинуваат врските иако љубовта навистина постои:

1. Се чувствуваат осамено

На жената треба да ѝ покажете колку многу ви значи. Ако не сте тука да ја поддржите тогаш навистина не постои причина таа врска да продолжи. Жените и покрај целата сила која ја имаат, чувствуваат потреба од маж кој ќе биде тука за нив, бидејќи во моментот кога вистински ќе се заљубат тие го гледаат мажот како целиот свет да е сконцентриран во него.

Од друга страна мажите со текот на времето забораваат на ситниците со кои во почетокот од врската им покажувале на жените колку се среќни и кај жените тоа создава чувство на празнина и неисполнетост.

2. Не им се оддава признание за она што го прават

Не постои нешто полошо од тоа да не слушате внимателно кога таа зборува. Жените се суштества предводени од зборовите и секогаш кога незаинтересирано им одговарате со да и не тие се свесни дека не сте слушнале ни збор од она кое тие се обидуваат да ви го објаснат.

Тие треба да се почувствуваат дека се разбрани, прифатени, почитувани и поддржани. И покрај огромната љубов која ја чувствува жената ќе се раководи од умот, а не од срцето доколку забележи дека некој ја сфаќа здраво за готово.

3. Не се чувствуваат секси

Мажите се сексуални суштества. Кога сакаат секс тие се подготвени на минута. На жените, од друга страна, им е потребна интимност, предигра и чувството да се биде целосно посакуваната од страна на нејзиниот маж.

Рутина е бакнеж на смртта. Жените сакаат спонтаност. Таа копнее за романса. Постои момент во животот на жената, кога таа сфаќа дека ако нејзиниот маж не ја посакува или не прави да се чувствува посебно (во и надвор од креветот), тогаш тоа е време да си замине.

4. Постои некаква значајна животна промена

Средовечната криза влијае на секого различно. На повеќето жени не им треба нова скап автомобил или облека, туку им треба некој кој ќе им покаже дека сè уште се секси и убави.

Менопаузата е уште една промена која многу влијае врз жените. Животните промени како заминувањето на децата на студии или грижата која е потребна за нивните родители, како и финансиските ситуации се работи кои може значително да ја поткопаат самодовербата на жената, а мажот е оној кој во никој случај не треба да го дозволи тоа.

Ако поддршката од мажот изостане, таа воопшто нема да се двоуми дали да замине.

5. Жените не сакаат некој кој е предвидлив

Мажите честопати после првите неколку години од врската/бракот мислат дека сè е веќе на свое место и го подредуваат живото на рутини. Како поминуваат годините сè повеќе се откажуваат од многу работи и честопати тоа доведува до средовечна криза.

Но, кај жените тоа не е така. Тие сакаат да се чувствуваат сакани и важни исто како и првиот ден.

6. Нивниот маж не е физички присутен

Жените толерираат многу, но кога мажот повеќе време поминува надвор од дома а сè поретко наоѓа време за нив, тука завршува нивната толеранција. Во денешното општество на жените не им треба маж кој ќе се грижи за нив, туку партнер кој ќе работи рамо до рамо со неа и ќе го цени нејзиното присуство.

Кога мажот не е заинтересиран да го помине време со жената таа ќе стави крај на врската, бидејќи знае дека веќе не постои никаква спиритуална и интелектуална поврзаност.