Како да ја одржите шминката свежа цела вечер?

Сакате овој викенд да излезете со другарките во диско.Нормално ставате појака шминка за да се издвоите од другите девојки во темнината, но и се надевате дека така подолго ќе ви трае. За жал не поминал ниту еден час од енергичната забава, а вие чувствувате како шминката се топи по вашето лице.

shminka

За да ја одржите шминката свежа што подолго само следете ги следниве неколку совети…

Што помалку шминка тоа подобро

Во клубовите секогаш е темно и зачадено, затоа никој не може да направи разлика колку и како сте нашминкани. Минималистичкиот make up е доволен за да ги истакнете цртите. Тон шминка на вашето лице искомбинирано со чад од цигари и потта од играњето, не само што е штетно за вашата кожа, туку може да направи да изгледате како растечена слика на дожд.

Не користете течни пудри

Самото име ви кажува дека ќе се растечат брзо. Течна пудра во диско е исто како да сте ставиле крем на 40 степени во лето. Кожата добива мрсен и испотен изглед. Гледајте да поминете без пудра, покријте ги само подочниците или ставете малку камена пудра. Камената пудра освен што одлично покрива, го суши лицето слободни сте да играте колку што сакате.

Избегнувајте да користете моливче

Секако дека зачадените очи или накосени со црно моливче се навистина секси. Но, ви препорачуваме да ги одморите моливчето и каква било мрсна сенка. Во просторија полна со луѓе и недостиг на кислород, многу лесно може сенката да се собере во една линија на капакот, а црното моливче цело да падне на подочниците. За да не шетате со помодрени очи речиси цела вечер, нанесете посветли нијанси и многу маскара.

Користете сјај за усни

Карминот е најголем проблем бидејќи нема шанси да не се извади. Треба да не зборувате, да не пиете, за да не го оставите на чашата. Затоа понесете си со себе сјај за усни па одвреме-навреме обновете го. Светлата од диското дополнително ќе го зголемат ефектот на истакнати усни.

Избегнувајте да ја бришете потта со марамче

Кога ќе го достигнете врвот на вечерта, сте разговарале со многу луѓе, сте седеле на шанк, сте поиграле на подиум, сигурно ќе ви стане жешко. Никако немојте да го поминувате испотеното чело и лице со влажно или хартиено марамче. Така само ќе се размачкате, ќе отстраните дел од шминката и ќе бидете како со дамки на лицето. Исклучиво потапкајте го нежно со сува палома за да се впие вишокот мрснотија и пот.