Брзи решенија за секоја незгода со облеката

Колку пати сте се откажале да облечете нешто заради расипаниот патент, паднатото копче или извадената прерамка? Веројатно не се бројат, баш како и незгодите кои се случуваат тогаш кога не треба.

0

Следен пат кога ќе ви треба брзо решение за некој проблем со облеката, потсетете се на овие совети:

1. Искористете тенка бакарна жица за набрзина да го „сошиете“ откаченото копче.

1

2. Копчето кое е пред паѓање пак, премачкајте го со безбоен лак за нокти.

2

3. Искористете ја гумата од молив ако ви се изгубил задниот дел од обетката. Привремено решение додека не најдете ново делче.

3

4. Жицата од градникот фиксирајте ја на место со фластер.

4

5. Ако прерамката од градникот ви се искине, само заврзете неколку јазли и зацврстете ги со делот за регулирање на должината на прерамката.

5

6. Патентот кој се откопчува фиксирајте го со силиконско ластиче кое ќе го ставите на копчето.

6

7. Поминете го патентот со молив ако тешко се отвора и затвора.

7

8. Искористете некоја ситна обетка за да ги прицврстите очилата, ако ви се загуби шрафчето.

8

9. Користете турпија за да ги исчистите чевлите и чантите од превртена кожа.

9

10. Поправете ја расипаната огрлица со обични спојувалки.

10

11. Ви ѕиркаат прерамките под маичката? И за ова решение е спојувалката.

11

12. За да го спречите ширењето на искинатите хулахопки, нанесете безбоен лак на местото каде се поткинати.

12

13. Кога врвките од блузонот ќе ви се „изгубат,“ извлечете ги со помош на цевка.

13

14. Внатрешниот дел од кошулата залепете го со фластер или изолирбан, за да го избегнете ѕиркањето на градникот и градите.

14