Грешки поради кои се смрзнувате секогаш кога ќе излезете

Сакате да го победите зимскиот студ? Не носете волнена капа, но затоа пијте кафе без кофеин. Стручњаците откриваат што навистина ќе ве загрее.

zima_stud

Не претерувајте со греењето

Кога во зима ќе излезете од прегреана куќа на ладно, тоа може да предизвика промени во ситните крвни жили, па кај почувствителните луѓе може да дојде до појава на Рејнаудова болест – ситните крвни жилички чувствуваат моментален грч, па рацете и нозете остануваат без крв и чувствувате голем студ и болка.

Затоа не треба да ја прегревате куќата, температурата би требала да биде помеѓу 18 и 20 степени.

Пијте кафе и чај без кофеин

Кофеинот ги блокира рецепторите во крвните жили и спречува да се стиснат кога е ладно. Бидејќи крвните жили остануваат проширени, побрзо ја губите топлината. Значи, кафе со кофеин пијте само ако цел ден останувате на топло.

Не ги ставајте рацете во џебови

Спротивставете и се на желбата да ги ставите рацете во џебови. Наместо тоа, природно замавнувајте со нив додека одите. На тој начин мускулите на рацете ќе работат, ќе се подобри циркулацијата и рацете ќе бидат потопли.

Јадете повеќе протеини

Варењето на протеините ја подига телесната температура подобро отколку јагленохидратите или мастите.

Не носете волнена капа

Одберете капа што ги покрива и ушите зашто се тие тенки, но имаат голема површина такашто лесно ја губат температурата.

Некои стручњаци препорачуваат наместо волнена капа да ја носите онаа од полиетилен терефталат кој е синтетичка алтернатива за волната. Овој синтетички материјал е полесен, подобро изолира и се користи за изработка на многу зимски производи.

Дишете низ нос

Ноздрвите се филтри во кои се загрева воздухот пред да дојде до белите дробови. Ако дишите на уста, ладниот воздух доаѓа без загревање.

Кремите за лице ќе помогнат

Ако ве мачат егзем или дерматитис, кога е ладно времето нанесете повеќе крема. Воспалената кожа губи повеќе топлина.

Загрејте ги чевлите на радијатор

Ако тргнете надвор со топли нозе, поголеми се шансите дека такви и ќе останат.

Купете столче за лулање

Така ќе ја генерирате енергијата додека седите. Имено, кога сме неподвижни, телесната температура паѓа. Но лулајќи се на столица, ги активирате големите мускулите на рацете и на нозете, за да се одржуваат циркулацијата и топлината.

Дружете се

Ако излезете со друштво или пак ги организирате дружењата во својот дом, ќе ви биде потопло отколку да сте сами. Тоа го откриле стручњаците од Универзитетот Торонто кои испитувале како осаменоста влијае врз луѓето. Се покажало дека создава чувство на студ.

Сеќавајте се на добрите денови

Истражувањето спроведено на Универзитетот Саутемптон покажало дека потсетувањето на среќните моменти од минатото создаваат субјективно чувство на топлина на просторот.