5 модни совети од Викторија Бекам

Ако на некого треба да се угледате кога станува збор за модните трендови, тогаш тоа со сигурност е Викторија Бекам. Нејзиниот беспрекорен и единствен стил ѝ овозможи таа да почне да гради свој препознатлив моден бренд. Нејзините креации многу брзо ја освоија модната публика ширум светот, а и голем број холивудски дами ги носат нејзините фустани на црвените килими.

viktorija bekam
Пред кусо време таа отвори и онлајн продавница, во која можат да се купат нејзините последни креации и многу други модни додатоци. Нејзините модни совети секогаш привлекуваат внимание, а ова се само 5 кои таа топло ги препорачува на сите жени.1. Никогаш не излегувајте од дома без модни додатоци. Тие се клучни. Вистинската чанта е синоним за стил.

2. Облекувајте се примерно. Нормално дека ќе носите удобна и широка облека кога ги шетате вашите дечиња.

3. Никогаш не заборавајте ги очилата за сонце дома. Тие го надополнуваат вашиот изглед.

4. Вложете во фармерки. Парчињата облека кои одговараат со фармерки ќе направат истовремено да изгледате опуштено и секси.

5. Не морате баш секогаш да носите високи штикли. Рамните кондури и балетанки исто така можат да бидат подеднакво шик.