Почина менаџерот и сопруг на Селин Дион, Рене Анжелил

Музичкиот продуцент, менаџер и сопруг на пејачката Селин Дион, Рене Анжелил, почина во Лас Вегас на седумдесет и тригодишна возраст, јавуваат светските медиуми.

Image

„Со длабока тага Ве известуваме дека почина Рене Анжели“, објавено е на сајтот на Селин Дион.

Рене Анжелил е роден во 1942 година во Монтреал, во семејство со либанско-сириско потекло, кратко време беше пејач на групата од Квебек „Лес Баронетс“, но набргу после тоа се посвети на менаџерската работа.

Пејачката Селин Дион ја запознал кога имала 12 години, „Се случи чудо. Кога го слушнав нејзиниот глас сфатив дека нешто такво не сум доживеал. За мене тоа е најубавиот глас на светот“, изјави Анжели во една прилика.

Пејачката пак изјави дека нејзе за успех секако и бил потребен талент, но 99.9 отсто од она што и се случило му го должи на Анжелил.
Анжелил во 1999 година отрки дека има рак на грлото и од тогаш беше на терапија. Пејачката пред две години одлучи на неодредено време да ја запре својата кариера за да се посвети на сопругот и семејството.

Селин Дион која има 46 години е најголема ѕвезда во Канада, а нејзините албуми на фрнцуски и англиски јазик се продадени ширум светот во повеќе од 200 милиони примероци. Се прослави со песната “My heart will go on”, водечката песна од филмот „Титаник“ од 1998 година.