Почина родилка во болницата во Прилеп

Жена починала ноќеска при пораѓање во Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп.

Image

Информацијата за Макфакс ја потврди директорот на болницата Петар Ристески. Како што ни изјави, жената починала ноќеска околу 1.50 часот, а новороденчето е живо, од машки пол.

Засега од болницата и од Министерството за здравство нема други детали за случајот. Надлежните најавија прес-конференција на којашто ќе биде соопштено што точно се случило.