Опозициската партија СДСМ најави дека ќе поднесе кривична против судијката Александра Поп Стефанија која го одби предлогот за притвор за началникот на Петтата управа, Горан Грујевски и го прогласи Специјалното јавно обвинителство за ненадлежно за случајот „Тврдина“, односно за уништувањето на опремата за прислушување.

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов најави дека и бараат преиспитување на нејзината работа како и работата на претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски.
„Прво, во кривична постапка, овластен тужител може да биде физичко лице или обвинителство. СЈО е токму тоа, обвинителство. Ова значи дека постапката е покрената е покрената од надлежен орган, СЈО. Второ, во конкретниот случај станува збор за предмет за којшто судот веќе има постапувано и носено решенија. За тоа, дали некој е овластен тужител или не, се оценува на почетокот на постапката. Ова е уште едно прекришување на законот. Трето, Републичкиот судски совет ја делегирало Поп Стефанија од судот во Неготино во судот во Скопје да суди предмети во Одделнието за прекршоци. Согласно оваа одлука Поп Стефанија нема законско право да одлучува за предмети за организиран криминал. Оттука назначувањето на Поп Стефанија за судија во организиран криминал и судија во овој предмет е спротивно на Законот за судовите, одлуката на Републичкиот судски совет и Правилникот за работа на Судот“, изјави Шилегов.
Според информациите на СДСМ, Поп Стефанија е дел од партиските инсталации на ВМРО-ДПМНЕ во судството. Според овие информации сопругот на Поп Стефанија е дел од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино, бил член на Комисијата за лустрација и Секретар на општина Неготино