Продолжува судењето на Заев за „Поткуп“

Во четврток, во Кривичниот суд во Скопје треба да  продолжи судскиот процес „Поткуп“, во кој лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е обвинет дека барал поткуп за приватизирање земјиште.

Image

Судскиот процес требаше да почне во јануари оваа, но  Одбраната на Заев тогаш истакна дека тој имал службен состанок, но најави дека ќе дојде во судот на следното рочиште.

Заев, според Обвинителството, во својство на службено лице градоначалник на Општина Струмица, од струмичкиот бизнисмен Иван Николов, побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден метар квадратен градежно земјиште во Струмица, за кое Николов бил заинтересиран да го приватизира. Според обвинението, една половина од партите требале да бидат за Заев, а другата за изградба на црква во Струмица.

На рочиштето за оценка на обвинителниот акт, што се одржа во јули минатата година, одбраната го оцени обвинението како контрадикторно, правно неиздржано и тенденциозно.