Пресуда за убиството на медицинската сестра

Во Кривичниот суд во понеделник попладне ќе биде соопштена пресудата за убиството на медицинската сестра Дијана Здравковска, кое се случи во јануари минатата година, на покривот од Детската клиника во Скопје.

Image

Обвинет за убиството е нејзиниот љубовник, Никола Кузмановски, кој се товари дека ја убил Дијана по вербална расправија. Дијана била во брак и имала ќерка, но била во љубовна врска со Кузмановски.

Таа била бремена, а за тоа го знаеле и нејзиниот сопруг и нејзиниот љубовник.

Двајцата љубовници почнале да се расправаат кога Никола побарал од Дијана да направи ДНК анализа за да се утврди кој е таткото на бебето.

Според обвинителството, смртта на Дијана настапила со задушување со притискање и со затворање со шаката на устата и носот и повреди на вратот.

Според одбраната на обвинетиот, пак, смртта настапила како последица на кршење на черепот предизвикан од пад и со задушување. Според нив, тоа бил настан со несреќни околности.

Кузмановски сакаше да се самоубие по трагедијата, но полицијата интервенираше на време