При судир во затвор во Гватемала загинаа 13 затвореници

Гватемала, 19 јули, 2016 – 11:40 (META) 

Најмалку 13 затвореници загинаа во судир во затвор во Гватемала, меѓу кои и поранешен војник осуден за убиство на католички бискуп пред речиси две децении.

2273686057_1bf8284a31_z-1

Војникот Бајрон Лима бил еден од најмоќните фигури во затворскиот систем во Гватемала. Тој за убиството на бискупот Хуан Херардиј бил осуден на затворска казна од 20 години.

– Помеѓу загинатите е Бајрон Лима, кој беше осуден поради учество во убиството на Хуан Херардиј во 1998 година. Тој го загуби животот во физичката пресметка помеѓу затворениците – изјави министерот за внатрешни работи на Гватемала, Фрасиско Ривас.

Судирот избил во затворот „Павон“ откако чуварите фрлиле граната во ќелијата на еден од затворениците