Пукотници и експлозии во Џакарта, седум мртви

Повеќе експлозии одекнале во четвртокот во главниот град на Индонезија, а пукотници и експлозии сѐ уште се слушаат на улиците на Џакара, пренесуваат светските медиуми.

Image

Најмалку седум лица загинале во нападите на неколку локации, вклучително и на еден трговски центар.

Според првичните информации, една од метите на нападот бил американскиот синџир на кафулиња Starbuck.

Претседателот на Индонезија Џоко Видодо ги повика граѓаните на смиреност и го осуди овој терористички чин.

„Жалиме за невините жртви од овој инцидент, го осудуваме чинот кој го наруши нашиот мир и безбедност и внесе терор меѓу нашите граѓани„, рече Видодо.

Засега нема информации кој стои зад нападот. Индонезија во минатото беше мета на исламски групи и е под засилен степен на приправност поради заканите од Исламската држава.