Интервју со Даниела Адемоска, сопственик и генерален директор на Капитол Мол

Ефикасни тимови и квалитетна содржина е најдобриот амалгам за успешен трговски центар!

c11

Овој декември Капитол Мол го слави својот втор роденден. За првиот роденден имавте интересен концепт. Каква е вашата приказна оваа година?

Капитол мол го прослави својот втор роденден на 12 декември 2015 година. Прославата на роденденот ја почнавме на 11 декември сомодно шоу каде беа застапени модните брендови до Капитол мол. Следниот ден си замисливме желби преку детската театарска претстава „Роденденска честитка“, пеевме заедно на настапот на Тамара Тодевска и танцуваме со ,,Поточиња”, а останатите уживаа во најкреативната чоколадна работилница за деца. Оваа сабота на 19 декември, ќе учиме нешто повеќе за Лего магијата од 12.30 часот, а час подоцна децата ќе се забавуваат со приказните на Дедо Мраз. Во петок, на 25 декември од 18 часот ќе ни гостува Театарот на сенките „Сонот на облачето“ со претставата ,,Нашиот штрк Силјан”, а недела 27 декември е резервирана за новогодишната претстава за деца „Желби, желби“ од 12.30 часот. Се трудевме да креираме избалансираната содржина за млади, деца и за возрасни каде секој ќе најде содржина за себе. Сите активности се бесплатни за посетителите и редовно се апдејтирани нанашата страница на Фејсбук, па следете нé!

DSC_2605

По две години опстојување, што научивте од водењето на Капитол Мол?

Водењето на една волку динамична содржина како трговски центар е комплексна материја, нотокму затоа е и неверојатно интересна. Вие ја избирате понудата и добавувачите, но она што тековно се случува под влијание на барањата и потребите на потрошувачите вé менува вас. Среќни сме што во овие 2 години постоење, изградивме огромна база на задоволни потрошувачии со нашето постоење го подобривме квалитетот на животот обезбедувајќи повисоки стандарди, подобра услуга и поголема понуда. Но, подготвеноста на континуирано усовршување и прилагодување е она што мора да се усвои и да се имплементира во работењето, како и прифаќањето на фактот дека сè се менува многу брзо.

Кој е вашиот најголем предизвик во работењето?

Поместување на границите!Никогаш не знаеме колку можеме. Она што некогаш ни се чини недостижно, во некој друг момент од работењето дури и го надминуваме. Она што освен бизнисот го работам е да им помогнам на вработените да ги поместуваат границите на својот развој. Да ги инспирирам да сонуваат повеќе, да учат повеќе, да направат повеќе и да станат повеќе. Но фактот дека за две години успеавме да изградиме ефикасен тим чиј успешен амалгам резултира со одлична атмосфера и деловен успех, е повеќе од задоволство и сатисфакција.

Вашата понуда е веќе добро воспоставена, иако очигледно е дека постојано работите на подобрување на содржината во трговскиот центар. Што можеме да очекуваме во 2016 како новитет, понуда или план?
Тимот на Капитол Мол е составен од луѓе кои делат исти човечки вредности и работат на постигнување на заедничките цели на Капитол Мол. Тоа се луѓе кои разбираат дека потрошувачите секогаш сакаат повеќе, подобро и поинакво. Затоа сме подготвени на постојани промени и развивање на услуги и проекти кои ги исполнуваат тие очекувања. Само со таква екипа нашите проекти ниовозможуваат успех на долги патеки. По празниците нè очекуваат уште многу други мигови за славење веќе на почетокот на следната година, но за тоа ќе треба да нè посетите и да нè доживеете.

DSC_9675

Што е за вас успех, како го дефинирате?

Успехот, како и сè останато е релативна работа, а понекогаш и лична перцепција. Она што секогаш прави да се чувствувам добро е работата, сознанието дека давам од себе највеќе што можам. Но, важно е и опкружувањето, односно, да го поминуваме времето со луѓе што нèоплеменуваат и му даваат тон на нашиот деловен и семеен живот.