Рекорден број на напади од ајкули во 2015-та

Во текот на минатата 2015 година ајкулите без воопшто да бидат предизвикани извеле досега рекорден број напад врз луѓето, дури 98, покажува евиденцијата која се темели на податоците кои ги собрале научниците од сите делови на светот, предупредувајќи дека причина за тоа би можело да биде зголемувањето на температурите во морињата и океаните.

Image

Во текот на минатата година е евидентирани двојно повеќе фатални напади врз луѓето отколку во текот на претходната 2014 година, кога бројот на кобните исходи бил на ниво на просекот евидентиран во претходните десет години, изјави директорот на Меѓународниот регистер за напади од ајкули, кој работи во рамките на универзитетот на Флорида и поседува податоци од 1958 година. Директорот Џорџ Баргес, притоа, додава дека 98-те со ништо не предизвикани напади од ајкулите е за десет случаи повеќе отколку рекордниот податок забележан во 2000 година.

Нападите од ајкулите се случувале повеќето во северните делови на океаните кои ги опкружуваат САД, имајќи предвид дека зголемувањето на температурите на водите ги мами разните видови морски цицачи кои порано не живееле таму, смета Баргес. Како пример го наведува реткиот и невообичаен инцидент во кој ајкула ненадејно нападнала њујорчанец кој едрел на штица во океанот во близина на Лонг Ајленд.

„Имајќи го предвид трендот на глобалното загревање, во иднина можеме да очекуваме уште такви напади во делот од океанот северно од Вирџинија, како и на другата страна пред брегот на Калифорнија“, предупредува директорот Меѓународниот регистер за напади од ајкули.

Појаснува дека се претпоставува оти невообичаено високите температури на океанот крај бреговите на Северна и на Јужна Каролина влијаеле врз зголемувањето на нападите од ајкули во текот на минатата година, кога се регистрирани дури 16. Меѓу нив се и два извонредно ретки довиени напади врз две деца во интервал помал од еден час.

Во водите пред Флорида во 2015 година се регистрирани 30 напади од ајкули, што е половината од 59-те вкупно забележени во САД. Ајкулите рекорден број напади извеле и во Австралија – 18, како и осум во Јужноафриканската Република.