Рекордни 19 Целзиусови степени во Њујорк

Во Њујорк, кој инаку е познат по острите зими, во неделата кон средината на денот се измерени рекордни 19 Целзиусови степени, претходни никогаш не забележани на 13-ти декември, соопшти националната метеоролошка служба.

Image
Претходниот рекорд откако се бележат температурите датира од 1923 година, кога на 13-ти декември биле измерени 17,7 Целзиусови степени.

Во саботата на традиционалниот ден SantaCon, кога илјадници млади шетаат по локалите облечени како Дедо Мраз, благата температура наведе некои од учесниците да одат во обични бели маички и црвени панталони, а некои и без маички.

Просечната дневна температура во Њујорк на 13-ти декември изнесува 3 Целзиусови степени, според National Weather Service. Службата предвидува дека оваа седмица температурите во Големото јаболко ќе останат над сезонските просеци.

На 6-ти ноември во Њујорк беа измерени 23,8 степени на аеродромот „ЛаГвардија“, и 23.3 Целзиусови степени во Централ парк.