Реми во Неапол

Фудбалерите на Наполи и Милан, одиграа без победник 1:1, во последниот натпревар од 26.коло во Серија. Најмногу од нерешениот резултат во Неапол профитираше Јувентус, кој остана лидер на табелата со 58 бодови, еден повеќе од Наполи.

Image (2)

Наполи ја имаше иницијативата на овој натпревар, но не успеа да создаде конкретни шанси за гол. Лоренцо Инсиње го отвори резултатот, неговиот удар од 30-тина метри на патот кон голот го закачи Анате и заврши зад грбот на Донарума.

По водството на Наполи Милан возврати со голот на Бонавентура, по нафрлувањето на Хонда, лошо со глава реагираше Кулибали, кој топката наместо да ја избие ја префрли на втората статива каде беше играчот на Милан кој го израмни резултатот.

макфакс