Русите ќе снимаат филм за Ленин со Ди Каприо во главна улога

Водечкото руско филмско студио „Ленфилм“ соопшти дека е подготвен за снимање на филм за водачот на руската револуција, Владимир Илич Ленин, а глaвната улога ќе му биде доверена на Леонардо Ди Каприо.

Image

Изјавата од ова најстаро руско филмско студио следи по изјавата на Ди Каприо дека сака да го глуми Путин, Ленин или Распучин.

„Путин е многу интересен лик. Би сакал да го глумам“, изјави Ди Каприо.

Портпаролот на „Ленфилм“, Валериј Карпов потсети дека Ди Каприо личи многу на Ленин во младоста, дека тие споредби се правеле често и дека студиото има неколку проекти за периодот од Октомвриската револуција во коишто тој би можел да игра.

Рускиот режисер, Владимир Бортко исто така порача дека би сакал да сними филм со Леонардо Ди Каприо во главна улога.

„Ди Каприо е одличен актер. Може да глуми што сака. Со задоволство би снимил филм со него во главната улога“, порача Бортко, режисер на бројни филмови како „Мајсторот и Маргарита“, „Идиот“ и „Тарас Буљба“.