САД го осудија референдумот во Република Српска

Вашингтон, 27 септември, 2016 – 11:16 (META) 
referendum_glasa_k_617987s1

САД го осудија референдумот што се одржа во неделата во Република Српска и го нарекоа нелегален.

Од Вашингтон наведуваат дека ќе ги поддржат локалните институции кои бараат раководството на Република Српска да одговара за подривање на владеењето на правото и за опструкциите на применувањето на Дејтонскиот договор.

– Ги повикуваме сите страни во БИХ да се воздржат од понатамошни акции и од реторика што води кон поделби и да се насочат на потребните општествени, политички и економски реформи – се наведува во соопштението на заменикот портпарол на Стејт департментот, Марк Тонер.

Во соопштението се наведува дека во неделата раководството на Република Српска организирало референдум кој е во директна спротивност со одлуката на Уставниот суд на Босна и Херцеговина.