СЕХА: Вардар славеше во Словачка

Ракометарите на Вардар славеа во Прешов кај Татран со 28:27 во натпревар од СЕХА лигата.

Image

Македонскиот шампион во Словачка одигра добар натпревар кој го контролираше од самиот почеток и на крајот заслужено стигна до 10-та победа во регионалната конкуренција.

Циндриќ и Горбок со по шест гола беа најефикасни во ‘црвено црниот’ табор, а Манасков и Марсениќ постигнаа по четири голови.

Вардар со 13 одиграни натпревари е лидер во СЕХА лигата со 31 бод, Загреб е втор со 27 и два натпревара помалку, Прешов има одиграно ист број натпревари како и вардарци и има 27 бодови, а Веспрем е на четвртата позиција со 25 бодови од девет одиграни натпревари.