Собранието ќе расправа за одлуката за Комисија за импичмент на Иванов

Собранието , во понеделник, на 103. седница ќе расправа за одлуката за формирање Комисијата за оценување на основаноста на Предлогот за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов по одлуката за аболиција, поднесен од страна на опозицијата.

Image

По изгласување на одлуката од страна на Собранието, комисијата за седум дена треба да подготви извештај за основаноста на предлогот на опозицијата и да го достави до претседателот на Собранието, Трајко Вељановски. То ќеј треба да закаже нова седница на која ќе се дебатира за извештајот и за предлогот на опозицијата, а за да биде изгласана предлог одлуката потребно е двотретинско мнозинство.

Опозициските партии го поднесеоа предлогот за импичмент на претседателот откако тој ја донесе одлуката за аболиција на 56 лица. Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, во петокот, изјавија дека иако се против одлуката за аболиција, сметаат оти претседателот Иванов не го прекршил Уставот и затоа нема да го поддржат предлогот на опозицијата. Според владејачката ДУИ пак, Иванов, директно предизвикувал криза која еруптирала со одлуката за аболиција. Опозициската ДПА, пак, решение на кризата вклучувајќи ја и аболицијата гледа во итно враќање на четирите политички партии на преговарачка маса.

Комисијата за оценување на основаноста на Предлогот за импичемнт на Иванов ќе брои 11 члена, претседател ќе биде пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски, од чија пратеничка група ќе има уште пет члена, по два од ДУИ и од СДСМ и еден од ДПА.