Сириската опозиција подготвена да преговара со владата на Асад

Сириските опозициски групи објавија дека се подготвени под покровителство на ОН да преговараат со претставници на владата на претседателот Башар ал-Асад, но инсистираат тој да отстапи од власта.

Image

„Целта на политичкото решение е да се создаде држава со граѓанско начело, без Башар ал-Асад и лица од неговиот режим во кој  во било кој иден договор“, објавија опозициските групации во соопштението.

Групациите се состанаа во Ријад на дводневен состанок за да создадат обединет фронт. Опозицијата и нивните вооружени крила неколку пати истакнаа дека за Асад нема иднина во Сирија.

Но, блиските сојузници на сирискиот режим, Русија и Иран, бараат за неговата политичка судбина да решаваат Сиријците.

Меѓусебните поделби ги ослабнаа умерените опозицикси фракции, што овозможи за јакнење на џихадистите од Исламската држава.

Американскиот државен секретар Џон Кери рече дека опозициските групи постигнаа напредок во преговорите во Ријад.

„Се чини дека состанокот во Саудиска Арабија досега беше конструктивен и мораме да ги почекаме заклучоците од конференцијата“, изјави Кери во Париз.

Преговорите ги напушти моќната бунтовничка група Ахрар ал-Шам тврдејќи дека на револуционерните групи не им е дадено доволно значење и дека главно место зазела политичката опозициска група Национално координирачко тело за демократски промени.

На конференцијата учествуваат над сто опозициски претставници, од секуларни политичари кои ги толерира режимот на Асад до радикални исламисти.

Тие се договориле да се обединат во едно тело, во рамки на подготовките за можни мировни преговори со владата на Асад.

Клучниот сојузник на Асад, Иран објави дека групи поврзани со Исламската држава биле вклучени во разговорите за формирање на делегација за преговори за иднината на Сирија