Сопругата на убиецот од Орландо знаела за нападот, може да биде обвинета

Сопругата на напаѓачот кој уби 49 луѓе во ноќниот геј клуб во Орландо знаела за неговите планови и би можела наскоро да биде обвинета, објавија американските медиуми, повикувајќи се на полициски извори.

Image (20)
Како што пренесе телевизиската мрежа Fox News, извор од Федералното истражно биро (FBI) рекол дека е свикана сојузната Голема пората којашто ќе одлучува дали да се покрене обвинение против сопругата на 29-годишниот Американец од авганистанско потекло Омар Садик Матин, исто така 29-годишната Нур Салман.

Според телевизијата, обвинителството сака да ја обвини сопругата на Матин како соучесничка по 49 точки за убиство и 53 точки за обид за убиство, како и поради тоа што не ги известила властите за претстојниот напад, и бидејќи ги лажела сојузните агенти.

Нур Салман за телевизиите NBC и ABC изјави дека се обидела да го одговори својот сопруг од нападот.

Телевизијата NBC објави дека Салман изјавила дека таа заедно со сопругот купила муниција и футрола за пиштол.

Претходно беше објавено дека Нур Салман признала дека била заедно со Матин кога го набљудувал геј клубот во кој во неделата утрото го изврши терористичкиот чин, како и во забавниот тематски парк „Disney World“ во близина на Орландо, кои исто така го разгледувал како потенцијална цел на напад.

Извор за Reuters рекол дека Салман би можела да биде обвинета најрано во средата од страна на Големата порота.

„Се чини оти знаела што се случува. Изгледа дека таа ќе соработува и дена може да ни даде некои важни информации“, изјави за телевизијата CNN американскиот сенатор Ангус Кинг, член на комитетот за разузнавачката заедница на Сенатот.

макфакс