Со светло од мобилни се доигра претстава во Драмски

И покрај тоа што за време на претстава во драмски театар снема струја, актерите продолжија да ја играат претстават со помош на публиката која им осветлуваше со нивните мобилни телефони.

Image

 

Во вторникот вечерта снема струја Во Центар и во Карпош каде што се наоѓа драмскиот театар, токму во моменти на одигрување на претставата  „Живот во тесни чевли“.

 

Актерот Драган Спасов Дац на фејсбук сподели селфи, на кое се гледа како публиката со мобилниго освелува театарот.

 

 

„Во Драмски на пола представа, а и во цел Карпош снема струја.
Ова е селфи со публиката која ни помогна со нивните телефони да го доиграме првиот дел.
Браво за публиката“, напиша популарниот Дац.