Студентски пленум: Ќе ја критикуваме секоја власт!

Студентскиот Пленум не е збирштина безрбетници како што некои луѓе би сакале да биде. Тоа е платформа која донесе зрак надеж и ќе го одржи истиот во живот, колку и да се чини дека маглата го покрива, се вели во соопштението на Студентскиот пленум.

Image

Според нив, академскиот начин на изразување е единствениот јазик со кој зборуваат, а од своите противници бараат да се спротивстават со аргументи и факти.

„Студентскиот пленум не е овде за да падне некоја влада. Тој е овде за да ја критикува секоја власт, со цел истата да ја направи поодговорна во носењето на одлуките и создавањето на политиките“, се вели во соопштението од Студентскиот пленум.

Тие најавуваат дека сакат да учествуваат во создавањето на иднината.

„Тоа значи дека секогаш ќе бидеме гласни, неуморни и критички настроени. Студентскиот Пленум е решен да биде креативен, истраен и конзистентен во критиката на оваа и секоја друга власт“, се вели во соопштението.