Русија ги известила САД дека почнува да користи крстаречки проектили во Сирија

Москва планира во вторникот ќе извести голем број напади во Сирија и пред бомбардирањата го известила Вашингтон дека ќе користи стратешки бомбардери и наведувани крстаречки ракети од бродови, објави американски воен функционер.

Image (11)

Русија за тоа го известила САД согласно договорот со Вашингтон за воздушните протоколи, додал во изјавата за Reuters. Неименуваниот функционер истакнал дека САД не се во координација со Русија и дека руските напади не довеле до откажување на никакви активности на меѓународната коалиција којашто тие ја предводат.

Претходно во вторникот висок владин функционер на Франција за весникот Le Monde пишува дека се претпоставува и дека удари врз таканаречената престолнина на „Калифатот“ што го прогласи Исламската држава, биле изведени од руски бродови со наведувани крстосувачки ракети од акваториумот на Средоземното Море.

Засега руското министерство за одбрана не се огласи по овие пишувања на западните медиуми.

Руското министерство за одбрана една седмица по почетокот на својата воена операција во Сирија од 30-ти септември, објави дека сите наведувани крстаречки проектили кои на 8-ми октомври биле истрелани од бродовите во Каспиското Езеро ги погодија целите во Сирија. Четирите бродови од нејзината Касписка флота истрелале 26 наведувани проектили врз цели на Исламската држава во Сирија со прецизност на најмногу пет метри од целта. Ракетите летале преку териториите на Иран и на Ирак, од Каспиското Езеро, односно од оддалеченост од околу 1.500 километри.

макфакс