Тепачка пред „Буњаковец“, еден прободен во главата

Едно лице е прободено во главата во тепачка што се случила утрово околу 4 часот во Скопје, во кафе бар лоциран пред Трговскиот центар Буњаковец.

Image

Во тепачката учествувале тројца скопјани на возраст од околу 40 години, од една страна, и од друга страна неколкумина непознати лица.

Четириесет и едногодишен скопјанец бил прободен во главата и се здобил со тешка телесна повреда – убодна рана со пробивање на черепот, констатирана во болницата „Систина“ каде што е задржан на натамошно лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.