Трамп остана без почесниот докторат во Шкотска

 Шкотскиот универзитет Роберт Гордон од Абердин извести во средата вечерта да го повлече е почесен докторат кој му го додели на Доналд Трамп, откако неговата изјава да им се забрани да влезе  предизвика бура протести и во Велика Британија каде што започна петиција за збрана за влез на Трамп на британска територија, иако шефот на британската дипломатија Џорџ Озборн изјави дека на на можниот републикански кандидат на претседателските избори во САД во 2016-та не би требало да му биде забранет влезот во Обединетото Кралство.
Image

Универзитетот во Абердин објави дека изјавите на Доналд Трамп во врска со муслиманите се „неспоиви со вредноста“ на оваа инситуција.

„Во рамките на американската претседателска кампања, Трамп даде одреден број изјави кои се целосно неспоиви со духот и вредностите на универзитетот. Последично, универзитетот одлучи да му го одземе почесниот докторат“, изјави портпаролот на универзитетот.

Трарп во Шкотска поседува два голф терена, неговата мајка е од Шкотска а почесниот докторат од универзитетот Абердин го има од 2010 година.

Британскиот министер за надворешни работи Џорџ Озборн претходно изјави дека не би требало да му се забрани на Доналд Трамп да влезе во Велика Британија, како што бараат неколкуте стотици потписници на интернет петиција. Од британскиот парламент, притоа, соопштија дека оваа петиција нема да биде разгледувана во законодавниот дом пред јануари 2016 година.

„Мислам дека најдобар начин да се спротиставите на ставовите на некој како Доналд Трамп е да о вклучите во демократска расправа за тоа што е погрешно кога се зборува за придонесот на американските муслимани, и секако, британските муслимани. Тоа не најдобриот начин да му се спротиставите на Доналд Трамп и на неговите ставови, наместо да воведувате забрана за влез на претседателски кандидати“, истакна Озборн.

Доналд Трамп ја даде изјавата за суспендирање на влегувањето во САД на муслимани „се додека на американските функционери не им стане јасно за што станува збор“ наведувајќи социолошки анкети според кои американските муслимани не се многу лојални кон САД и имаат омраза кон Американците. Тие изјави дојдоа откако радикализирана млада брачна двојка муслимани извршија терористички напад во Калифорнија во кој убија 14 а ранија уште 21 човек.