Трамп победи на предизборите во Невада

Кандидатот за републиканска претседателска номинација во САД победи на предизборите во сојузната држава Невада, одржани во вторникот вечерта по локално време, со што силно се зацврсти неговиот статус за главен кандидат на Републиканците во трката за Белата куќа.

Image

Показателите за надмоќната победа на бомбастичниот милијардер беа толку силни што CNN една минута пред завршување на гласањето објави со „стопроцентна сигурност“ може  да ја најави победата на Трамп.

Според иницијалните резултати, главните противкандидати во трката за републиканската номинација, сенаторот од Флорида, Марко Рубио и сенаторот од Тексас Тед Круз, се борат за второ место.

По пет отсто пребројани гласови, Трамп води со 42,6 отсто, Рубио има 25,1 отсто, додека Круз 20,1 отсто, објави CNN.

Партиските избори во Невада уследија по сличните предизбори во јужна Каролина, каде Трамп освои речиси третина од гласовите.

макфакс