Таксистот што ја возел девојката која падна од деветти кат бил претепан

Таксистот кој ја возел девојката која во средата околу пладне падна од деветти кат од зграда во скопската населба Аеродром бил претепан кога ја враќал девојката дома.

Image

Педесет итригодишниот таксист од скопска такси компанија ја оставил девојката во средата околу 4.30 часот на улица „Коста Новаковиќ“, но додека симнувал патник, како што стои во пријавата, бил нападнат од триесет идеветгодишен скопјанец.

Бил претепан со боксови и клоци по главата и телото од кои му се нанесени видливи повреди во вид на модринки и отоци, расекотина на левата аркада и расекотина на задниот дел од главата, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Напаѓачот побегнал во непознат правец со автомобил „oпел“ со непознати регистарски ознаки.

„Во полициска станица направен е записник за примање на пријава од страна на полициски службеник, а поднесен е и записник за констатиран прекршок од законот за прекршоци против јавниот ред и мир . Физичкиот напад  е расчистен“, соопштуваат од МВР.

Случајот е пријавен по смртта на девојката,  околу 15.35 часот. Дваесет иедногодишната девојка во вторникот околу пладне паднала од деветти кат од зграда на улицата „Руди Чаевац“ во Аеродром.

Телото е предадено за обдукција, а нејзината мајка во медиумите изјави дека девојката била силувана од таксист. Од МВР велат дека кај нив не е пријавен таков случај, односно силување, и затоа не можат да постапуваат по таква пријава.

Случаен минувач пријавил го пријавил безживотното тело на девојчето.

Од МВР официјално сé уште нема информација дали се работи за несреќен случај или самоубиство.