Трет пораз на Голден Стејт, десетта победа по ред на Клиперси

Кошаркарите на Голден Стејт ноќта кон четвртокот го претрпеа третиот пораз во сезоната, додека Клиперси стигнаа до десетта последователна победа.

Image

 

Вориорси беа изненади на гости од Денвер Нагетс, кој ги совлада со 112:110.

 

Денвер до победата го предводеа Данило Галинари со 28 поени и пет скока, Вил Бартон со 21 поен и шест скокови, Гери Харис имаше 19 поени и седум скокови, Дарел Артур 18 поени и 11 скокови.

 

Ниту извонредната партија на Стеф Кари, кој имаше 38 поени, девет асистенции и пет скокови не му помогна на актуелниот шампион да го избегне поразот. Голден Стејт сега има скор 36-3.

 

Клиперси новата победа, 26-та во сезонава, ја запишаа без еден од своите најдобри играчи Деандре Џордан, а жртва беше Мајами со 104:90.

 

Кол Олдриџ оствари 19 поени и седум скока, додека Пол Пирс, Крис Пол и Џамал Крафор мечот го завршија со по 15 поени.

 

Кај Мајами се издвоија Џералд Грин со 19 поени, три повеќе од Двен Вејд, а Крис Бош мечот го заврши со 11 поени и 12 скокови.

 

Победа забележа Оклахома над Далас со 108:89. Кевин Дурент  реализира 29 поени и десет скокови, Серж Ибака додаде 20 поени и 11 скокови, а Дион Вејтерс 18 поени и пет асистенции. Расел Вестбрук беше исклучен од натпреварот во втората четвртина.

 

Резултати:

 

Шарлот-Атланта 107:84

Вашингтон-Милвоки 106:101

Бруклин-Њујорк 110:104

Бостон-Индијана 103:94

Хјустон-Минесота 107:104

Оклахома-Далас 108:89

Денвер Голден Стејт 112:110

Портланд-Јута 99:85

Сакраменто-Њу Орлеанс 97:109

Лос Анџелес Клипер-Мајами