Утрински совети за нега на кожата

Сигурно ви се случило да не изгледате најдобро секое утро кога ќе се разбудите? Тоа е сосема природно па некогаш ќе се разбудите задоволни а некогаш незадоволни со вашиот изглед. Затоа еве неколку предлози.

women-checking-skin

 

Миење

Основно правило за секоја жена е да го мие лицето секоја ноќ пред спиење. Ова ќе биде корисно за вас бидејќи нема да остане шминка на вашето лице. Кога ќе се разбудите измијте го лицето со обична топла вода и избришете со сува крпа. Подрачјата околу очите збришете ги со вата.

Пилинг

Еден од најдобрите утрински совети за нега на кожата е да направте пилинг на кожата откако ќе ја измиете со топла вода. Тоа ќе ја направи мека и нежна.

Тонирање

Некои од вас можеби мислат дека за тонирање е потребно многу време. Меѓутоа утринското тонирање на вашето лице ќе ви помогне да изгледа свежо и витално. Користете тонер кој не содржи алкохол.

Хидратација

Ако сакате да имате мека и нежна кожа цел ден,морате вашата кожа редовно да ја мачкате. Во утринските часови ставете лесен крем на вашето лице и нежно втријте го кремот во кожата. Меката вода ќе ви помогне да ја задржите кожата хидратизирана. Ако пиете три чаши вода штом ќе се разбудите тоа ќе ви даде многу енергија за тој ден.