Хамилтон најбрз на ГП на Канада

Британскиот возач Луис Хамилтон во болидот на Мерцедес е победник на Големата награда на Канада на патеката во Монтреал, остварувајќи ја 45-та победа во кариерата на шампионатите на Формула 1.

Image

Луис Хамилтон победи благодарение на најдобрата стратегија на влегување во боксот и славеше со време 1 час и 31:05.296, пред Германецот Себастијан Фетел во Ферари, додека трет и четврт беа Финецот Валтери Ботас со Вилијамс и младиот Холанѓанец Макс Верстапен од тимот на Ред Бул.

Водечкиот во генералниот пласман, Германецот Нико Розберг, кој стартуваше од втората позиција, имаше проблеми во текот на трката, па на крајот стаса како петти.

Хамилтон со оваа, петта за него победа во Канада, зад водечкиот Розберг, кој има 116, заостанува само девет бодови, по седум од вкупно 21 трка. Следат Фетел со 78 и Ричардо со 72 бодови.

Следната трка е за Големата награда на Европа во Баку, за седум дена.