Челси подготви 90 милиони евра за Хамес Родригез

Англискиот премиерлигаш Челси има на располагање околу 150 милиони евра за трансфери до крајот на овој летен преоден рок, а според информациите од Островот, раководството на „сините“ е подготвено да понуди 90 милиони евра за колумбискиот фудбалер од редовите на Реал Мадрид, Хамес Родригез.

hames-rodrigez-real-615x400

Тој минатата сезона не се изнаигра во дресот на „кралевите“, а неговото заминување од Реал Мадрид се најавува веќе подолго време. Раководството на Челси ќе треба што побрзо да реагира околу негов трансфер, затоа што и Арсенал и Јувентус се интересираат за негов ангажман. Хамес Родригез минатата сезона одигра 26 натпревари за „кралскиот клуб“, постигнувајќи седум погодоци.

Претходно за услугите на колумбискиот ас се интересираа и Пари сен Жермен, Арсенал и Манчестер јунајтед, но овие клубови не испратија конкретни понуди за да го доведат Хамес во своите редови. Италијанските медиуми најавуваат дека можеби и Јувентус би можел да стигне до услугите на Колумбиецот.

ekipa.mk