Чешка платила на терористи 6 млн долари за заложници

Чешката влада им платила на терористи 6 милиони американски долари за ослободување на две нејзини државјанки, кои во март 2015 година се вратија во татковината од Пакистан, каде минаа две години во заложништво, пишува прашкиот неделник Respekt.

Image

Хана Хумпалова и Антонина Крастецка се вратија во март 2015 година, откако владата се согласи на договор за исплата на откупот кој го бараа грабнувачите. За исплатата на откупот одлука донесе претходниот кабинет на премиерот Јуржи Руснок, пишува весникот.

Тоа е првпат терористи да бараа откуп за ослободување на чешки државјани. Одлуката ила донесена на ниво на националниот совет за безбедност, во чиј состав влегуваат премиерот и шефовите на безбедносните структури.

„Дискусијата не била лесна. Никој не сакал да ја преземе одговорноста дека можеме да станеме причина за смртта на двете девојки. Беше донесена едногласна одлука“, изјавил за весникот еден неименуван од учесниците на процесот барање решени за исплата на откупот, кој првично изнесувал 10 милиони долари.

На одлуката, тврди соговорникот, му претходело проучување справувањето на други држави со барања за откуп до страна на терористите. Владините експерти утврдиле дека речиси сите земји тивко плаќаат откупи за своите граѓани.

Меѓутоа, чешките разузнавачки служби откриле дека, откако била ослободена од заложништвото, Хумпалова не успеала да се адаптира на животот во татковината и се обидела да се врати кај грабнувачите. Жената, која за време на заложништвото преминала во исламот, била уапсена на турската граница и вратена во Чешка.

Двете Чехинки беа ослободени благодарејќи на ангажирањето на турската хуманитарна организација Инсани Јардим Вакфи (IHH), додаде по нивното ослободува сегашниот премиер Бохуслав Соботка.

Хумпалова и Крастецка, две студентки по психологија, тогаш 24-годишни, ги грабаа вооружени лица на 13-ти март 2013 година, во покраината Балучистан, во југозападен Пакистан. Тие во Балучистан влегле како туристки од Иран, а биле грабнати на околу 550 километри западно од Квета, центарот на споменатата покраина. На видео снимката емитувана кусо по грабнувањето, двете Чихинки бараа ослободување на Афие Сидики, пакистанска научничка затворена во САД поради соработка со Ал Каеда.