Уште три населби во канадската провинција Алберта евакуирани заради пожарот

Големиот пожар во канадската провинција Алберта се прошири на југ и ги принуди жителите на уште три населби да се евакуираат, како и еден центар за итни операции да се премести далеку од нафтениот град Форт МекМари.

Image (2)
Властите се информирани за промената на временските прилики и не сакаа да ризикуваат, па затоа наредија евакуација на уште три населби во Алберта.

Пожарот веќе принуди повеќе од 88.000 жители да ги напуштат своите градови и уништи над 1.600 куќи и други објекти во Форт МекМари, а властите на провинцијата Алберта прогласија вонредна состојба.

Градскиот Центар за итни операции е преместен појужно, вторпат во еден ден.

Високите температури невообичаени за овој период од годината, како и сувиот воздух, создадоа услови за ширење на пожарот кој од шумата околу Форт МекМари се прошири и на станбените подрачја.

Форт МекМари е еден од најважните стопански центри во канадската провинција Алберта, се разви благодарејќи на богатството на шкрилци од кои се добива нафта.

макфакс