Шест загинати во бомбашки напад во југоисточна Турција

Најмалку шест лица се загинати, а 39 се повредени откако курдски бунтовници активирале автомобил-бомба пред полициска станица во Чинар, на југоистокот на Турција, по што ја нападнале станицата со ракетни минофрлачи, соопштија локалните власти.

Image

Нападот е изведен доцна синоќа врз полициската станица и полициски станови во градот кој се наоѓа во покраината Дијарбакир, населена претежно со Курди, пренесе АP.

Од силната детонација се урнала една куќа која се наоѓала во близина на станицата.

Две лица иле убиени во полициската станица, а три лица загинале во урнатата куќа.

Истовремено бил изведен и бомбашки напад на полициска станица во градот Миѓат, во покраината Мардин, јави агенцијата Anadoluа. Нема податоци за евентуални жртви.

Нападите се изведени само еден ден откако бомбаш-самоубиец детонираше бомба во главниот туристички кварт во Истанбул, усмртувајќи десет германски државјани.