Шеф на албанска нарко мафија уапсен во Келн

Петнаесет лица се уапсени, меѓу кои и шефот на албанската нарко мафија, во акција на германската полиција во Келн, во која учествувале околу 400 полицајци.

Image
Полицијата претресла 54 стана и уапсила 11 мажи и четири жени, за кои албанските медиуми тврдат дека се членови на албанската мафија во Келн.

Германската полиција соопшти дека станува збор за „банда што потекнува од поранешна Југославија“.

Истрагата против оваа група, активна од 2012 година, почна во јули минатата година.

Полицијата тврди дека поседува обемен материјал за криминалите на ова група, вклучувајќи шверц на кокаин и хероин вреден милиони евра, рекетирање и брутални напади.

Како што наведуваат германските медиуми, овој клан изнајмил неколку станови во голема станбена зграда и во нив вселил зависници од дрога, кои подоцна препродавале хероин и кокаин.