Ѓоковиќ рекордно во Индијан Велс

Новак Ѓоковиќ трета пат во последните три години ја освои титулата на Мастерс турнирот во Индијан Велс. Најдобриот светски тенисер, во финалето, убедливо го порази Милош Раониќ со 6:2, 6:0.

Image

Ѓоковиќ, во неделата, влезе во историјата на Мастерсот кој се игра Калифорнија, бидејчи ја освои рекордната петта титула, а исто така со 27-от трофеј од Мастерс тутнирите се израмни на првото место, на вечната листа, со Рафале Надал.

Ѓоковиќ во финалето доминираше во сите сегменти, мечот го отвори со двоен брејк, лесно стигна до 4:0 и рутински поведе со 1:0 во сетови. По исто сценарио се одвиваше и вториот сет, двоен брејк на српскиот играч на почетокот, но во овој сет не му дозволи на Раонич да освои ниту еден гем.