Јапонската полиција воведува пресретнувачи на дронови

Полицијата во Токио во служба ќе воведе дрон чија задача ќе биде да пресретнува сомнителни дронови во чувствителни подрачја, јавуваат локалните медиуми.

Image

Откако во април оваа година на покривот на резиденцијата на јапонскиот премиер е откриен дрон со мало количество радиоактивен песок од подрачјето на Фукушима, Јапонија ги зајакна безбедносните мерки. Полицијата во Токио до крајот на неделата во служба ќе воведе единица за пресретнување на дронови.

Пресретнувачите ќе бидат опремени со правоаголна мрежа и камери. Ќе ловат само сомнителни дронови, доколку претходниот обид на полицијата да ги пронајде нивните сопственици се покаже како неуспешен.

Според неодамна воведените правила, летовите на дроновите се забранети во близина на аеродроми, во густо населени подрачја и било каде на висина под 150 метри. Казните за кршење на овие регулативи изнесуваат 500.000 јени (околу 3.700 евра).