Јувентус во следните 45 дена без Асамоа и без Ругани

Актуелниот италијански шампион, Јувентус скапо ја плати победата против Палермо, кој преку автогол му подари три бода на „старата дама“. Медиумите од Италија информираат дека Квадо Асамоа и талентираниот дефанзивец Даниеле Ругани ќе бидат 45 дена надвор од тренинзите на тимот од Торино.

kvadvo-asamoa-615x400

Асамоа доживеал повреда на менискусот на десното колено и ќе мора да му биде извршен оперативен зафат, додека пак Ругани има проблеми со лигаментите во коленото.

ekipa.mk