Барса со човек повеќе до 2:1, минималец на Баерн

Фудбалерите на Барсалона и минхенски Баерн стекнаа предност во првите четвртфинални мечеви во Лигата на шампиони, против мадридски Атлетико, односно Бенфика.

Image

Барселона, во шпанската четврфинална пресметка, славеше над Атлетико Мадрид со 2:1 (0:1). Клучниот момент на натпреварот се случи во 35.минута кога Фернандо Торес, непотребно, го доби својот втор жолт картон. Напаѓачот на Атлетико претходно „пожолте“ во 29.минута.

Европскиот првак не блескаше ниту на овој меч, особено Барселона делувеше немоќно во првиот дел, кога Атлетико постигна гол преку Торес (25.минута), по додавањето на Коке.

Со играч повеќе на теренот, Барселона целосно доминираше во второто полувреме, Меси со „ножички“ не успеа да го постигне 500-от гол во кариерата. Нејмар потоа ја погоди гредата, а бедемот на Атлетико го проби Луис Суарез во 63.минута. Истиот играч во 75.минута со својот втор гол го постави конечниот резултат.

Реваншот кој ќе се одигра на „Винсенте Калдерон“, ветува неизвесен меч, бидејќи Атлетико и покрај поразот има активен резултат.

Инаку ова беше третиот сезонски дуел на овие два тима и сите го имаа остиот епилог, Барселона славше со 2:1, откако Атлетико прв постугнуваше гол.

Баерн како апсолутен фаворит влезе во мечот со Бенфика, но Баварците се мачеа со тактички одлично поставената игра на португалскиот тим.

Баерн победи со 1:0, а единствениот гол уште во четвртата минута го постигна Артуро Видал.