19-годишно момче почина на плажата Градиште

Охрид, 5 август, 2016 – 10:37 (META) 
Ohrid-860x680

Деветнаесетгодишно момче починало вчера попладне на плажата Градиште, кај Охрид.

На самото место интервенирала и брза помош, но не можело да му се помогне и била констатирана смрт.

На телото на момчето немало траги на насилство.

Се очекува СВР од  Охрид денеска да излезе со повеќе детали за настанот и да го открие идентитетот на несреќното момче.