САД побараа од НАТО да ` помогне на меѓународната заедница во воздушната кампања против екстремната сунитска група Исламска држава (IS) со тоа што ќе обезбеди извидувачки авиони, изјави за агенцијата DPA неименуван извор.

НАТО досега одбиваше да биде вовлечен во судирот во Сирија, делумно и поради стравувањата на некои членки, како Германија, на пример, дека инволвирањето на Алијансата ќе го отежни и онака комплицираниот мировен процес.
Американското барање НАТО да овозможи употреба на шпионските авиони од типот AWAKS било изнесено во декември.
Во коалицијата што повеќе од година и половина изведува напади во Сирија и во Ирак која ја предводат САД, влегуваат 66 држави, вклучително и сите 28 земји членки на НАТО но индивидуално,, како и регионалните сојузници, како Саудиска Арабија и Египет.