Budweiser го менува името во America за да ја подобри продажбата во изборна година

Пивото Budweiser се надева дека повторно ќе ги освои американските љубители на пиво и затоа ова лето ќе го промени називот во America на шест месеци.

Image (6)
Budweiser и натаму е едно од најпознатите пивски брендови во САД, но му падна продажбата заради растечката популарност на пивото произведено дома. Најголемиот светски производител на пиво AB InBev  сега очигледно ја гледа шансата во порастот на патриотизмот во изборната година за подобрување на продажбата на Budweiser.

Компанијата ја копира успешната стратегија што ја користи контроверзниот кандидат на републиканците за претседателска номинација Доналд Трамп. Тој рече дека му е мило и дека е почестен со кампањата на Budweiser „Америка е во вашите раце“.

Кампањата, исто така, ќе вклучува објавување на делови од текстот на заклетвата на американското знаме и националната химна на лименките и шишињата пиво, за да ги „инспирира консументите да ги слават заедничките вредности на слободата и автентичноста на Америка и Budweiser“.

макфакс