20 правила кои ви гарантираат цврста врска

За многумина љубовта е многу комплицирана. Врските во денешно време стануваат сè потешки да се одржат. Партнерите стануваат посебични, поегоцентрични или љубоморни и нетрпеливи, па полесно ја вртат главата и заминуваат.

vrska_ljubov

За да одржите една нормална, здрава и силна врска, потребно е да се придржувате само до 20 основни и многу едноставни правила:

1. Никогаш не заборавајте да го прашате партнерот каков му бил денот. Тоа ќе му покаже дека ви значи.

2. Караниците понекогаш се само караници, не мора да бидат причина за раскинување или сериозни проблеми.

3. Врската доаѓа со обврски. Понекогаш нема да уживате во истите работи кои ги ужива партнерот, но вреди да издржите, ако тоа го прави среќен.

4. Бидете отворени за работите кои сакате или не сакате да ги правите. Искреноста е најважна.

5. Малите изненадувања на партнерот може многу да му значат.

6. Не форсирајте дружби кои не ви одговараат.

7. Задолжителен бакнеж кога си доаѓате дома или кога излегувате.

8. Понекогаш треба да ги откажете договорените обврски и да поминете време заедно.

9. Почитувајте го семејството на другиот како да е ваше.

10. Кажете си „Те сакам“, секогаш кога тоа ќе го почувствувате.

11. Бакнувајте се кога ќе посакате. Никогаш не може да претерате со бакнежи.

12. Преземете ги домашните обврски на другиот ако е изморен или зафатен.

13. Не правете навредливи шеги на туѓа сметка, особено не пред друштвото. Почитувајте се еден со друг.

14. Секогаш стигнувајте на време. Најчесто кавгите почнуваат поради доцнење.

15. Секогаш бидете во одбрана на партнерот, ако некој го напаѓа и му зборува лошо. Вие сте негова втора половина.

16. Секогаш и за сè договарајте се.

17. Одговорете на повиците и пораките, дури и со задоцнување.

18. Не се карајте додека сте на одмор. Искористете го секој момент за убави работи.

19. Секогаш бидете спонтани. Ако глумите ќе се забележи.

20. Сакајте се безусловно. Тоа е толку едноставно!