Диета со која ќе се ослободите од дебелите бутови, широки колкови и салото на стомакот

Нутриционистот Ann Louise Gittleman осмислила кратка диета со чија помош ќе се ослободите од салото на најкритичните места на телото, за само 2 седмици.

dieta_obem

Струкот, колковите, бутовите и задникот се најкритичните делови од телото кои последни слабеат, без оглед на тоа колку ригорозна диета држите.

Затоа што повеќето масни наслаги се таложат во црниот дроб и така го отежнуваат разбивањето, црниот дроб не е во можност да ја извршува својата функција.

Постојат повеќе причини за оваа појава, а внесувањето на храна со лоши масти, алергиите, претераното лачење инсулин, злоупотребата на алкохолот и лековите се само дел од нив.

Она што е одлично во овој диетален план е што истовремено до забрзува слабеењето и успешно го контролира лачењето на хормони. Што значи, по 2 седмици ќе бидете поздрави и послаби.

Најдобар начин да ја започнете оваа детоксикација е од исхраната да ги исфрлите млечните производи, житарките, лебот, овесните снегулки, скробот, масната храна, кофеинот, газираните пијалаци, алкохолот, преработените слатки и вештачките засладувачи, оцетот и сите останати преливи за салати.

Можете да јадете јајца, посно месо како јунешко и пилешко, риба, зеленчук без скроб како на пример кељ, брокула и сок од брусница. За подготовка на јадењата користете ленено семе. Секако, се препорачува и активно вежбање.

Иако звучи строго и прилично тешко, резултатите се зачудувачки.

Ова ниско калорично мени ќе ви помогне да го преобликувате телото. Истражувањата покажале дека лицата кои се придржувале до овој начин на исхрана успеале да се ослободат од целулитот и да го намалат обемот на струкот за цели 20 сантиметри.