Најголеми непријатели на рамниот стомак

Ако сакате рамен и затегнат стомак ви препорачуваме овие осум „непријатели“ да ги држите на сигурна оддалеченост. И секако, без интензивно вежбање овој начин на исхрана нема да има ниту малку влијание.

flat-tummy

Засладувачи

Познатата замена за шеќер по хемискиот состав е алкохол, но е изведена од молекулите на шеќерот. Во засладувачи спаѓаат сорбитолот, манитолот и други кои често можете да ги најдете во многу колачи, особено во мафините. Бидејќи вашиот систем за варење не може да ги апсорбира тие не се ваш најдобар пријател и можат да предизвикаат гасови, надуеност и пролив.

Газирани пијалоци

Кока-колата и сличните пијалоци можат да го наполнат вашиот стомак со воздух, па ќе се чувствувате надуено. Наместо газирани пијалоци, пијте вода или појалоци без калории кои се богати со антиоксиданси.

Сирова храна

Одредена сирова храна може да биде прилично тешка за варењето што може да доведе до надуеност на стомакот. Три варени моркови имаат еднаква доза хранливи состојки како и три сирови, но се далеку подобри и побрзо се варат. Совет е да се консумира варена храна или мали дози на сирова храна.

Лута храна

Храна зачинета со бибер, чили, лук, кромид, сенф, рен и каранфилче може да стимулира ослободување на киселини во стомакот, што често доведува до иритација.

Претерано внесување на јагленохидрати

Белото брашно, бананите и тестенините кои се полни со гликоген не се најдобри пријатели на вашиот стомак, зашто еден грам гликоген таложи 3 грама вода! Па доколку утре не трчате маратон нема потреба да консумирате толку јагленохидрати. Умерено.

Гуми за џвакање

Можеби се добри за здивот, но зарем не знаете дека можат да предизвикаат повраќање? Кога џвакате голтате воздух, а тој воздух се „гуши“ во системот за варење што може да доведе до повраќање.

Брза храна

Обожавате помфрит и крофни? Тогаш дојде време да се простите од нив. Брзата храна потешко се вари и предизвикува чувство на тромост, надуеност. Време е да се соочите со вистината: брзата храна е убиство!

Производи што предизвикуваат гасови

Некои производи предизвикуваат повеќе гасови од другите и го иритираат вашиот систем за варење. Меѓу нив се пиперките, зелката, кромидот, брокулите, карфиолот и цитрусното овошје.