4 работи кои не треба да ги криете од партнерот

Пред да започнете нова врска, се разбира дека треба да бидете внимателни со делењето лични информации. Никој не сака веднаш да дознае сè за вас. Како што минува времето, така и вие треба да бидете емоционално поврзани со партнерот и подготвени да откриете работи од кои претходно сте се плашеле или срамеле.

vrska_par_ljubov

Имате долгови или планирате голем трошок

Додека сте во врска, овој дел не е толку битен за партнерот. Но, ако планирате венчавка или веќе сте во брак, треба да знаете дека финансиите не се кријат. Слично како и неверството, тоа се манифестира со криење и молчење.

Впрочем, ако едниот од вас има финансиски тешкотии, партнерот е првиот кој ќе го почувствува тоа на сопствената кожа. Ако сте одлучиле да имате заедничка сметка или пак одвоена, тогаш единствено е важен договорот околу поделбата на парите и начинот на неговото располагање.

Полови- преносливи болести

Тие воопшто не се удобна тема за разговор, но ако личноста навистина ви значи најдобро е да ги отворите картите. Иако постои шанса да останете сами, посебно ако станува збор за неизлечиви болести како ХПВ или херпес, но сепак позитивната реакција на партнерот може да ве изненади. Се разбира, начинот на кој ќе му кажете е најбитен.

Треба смирено и внимателно да го известите за здравствената состојба. Прво, информирајте се добро за сопственото здравје, а потоа преземете соодветни мерки. Презервативите не се секогаш ефикасен начин за заштита на ширење заразни болести, но важно е што ќе ја направите вистинската работа и ќе кажете.

Нови пријатели од спротивниот пол

Не значи дека ако сте во сериозна врска не треба да имате пријатели од спротивниот пол, но ако во меѓувреме сте нашле нов најдобар пријател, пожелно е партнерот да знае за него. Тука не мислиме на пријатели од детството, туку на нови пријателства што од некоја ваша потреба сакате да ги сокриете од партнерот. Во вакви случаи е најважно да бидете искрен со себеси. Затоа, одлучете се дали ќе го запознаете пријателот со партнерот или признајте си себе си во што е проблемот.

Профили на социјалните мрежи

Многумина не знаат дека нивните партнери имаат профили на социјалните мрежи. Можеби не се работи за нешто важно, но ако не сакате вашиот партнер да дознае за вашите отворени профили на Facebook, тогаш сакате ја сокриете интеракцијата со одредени личности. Не мора да ја кажете лозинката на профилот или читате лични пораки, но навистина е нормална работа да си ги знаете профилите и да бидете дел од нив.